HR for non-HR

HR не е само позиција или оддел.HR е вештина што секој менаџер ја користи – сакал или не. HR for Non-HR е програма која ги претвора секојдневните предизвици во работа со луѓе во јасни, практични чекори. Деталите за програмата можете да ги погледете тука.

NLP за ДЕЦА

НЛП (невролингвистичко програмирање) е методологија која го проучува успехот – што ја прави разликата меѓу успешните и помалку успешните луѓе и како да го премостиме тој јаз. Кога почнав да ја изучувам во 2005 година, ми беше жал што не сум го знаела тоа порано, за да растам со тоа знаење. Токму од таа желба…

Детски медитации со благодарност #Деница и #Сонка

Бенефитите од медитацијата се повеќе од научно докажани, секако топло Ве охрабрувам да го истражите ова тврдење. Покрај многуте можеме да се нагласат: го зајакнува имунолошкиот систем го намалува стресот ја зголемува самодовербата го подобрува спиењето го намалува хиперактивното однесување   Бонус го зајакнувате Вашиот однос со детето. Најдобро време за медитација е кога ќе…

Работилница за Наставници/Воспитувачи

Верувам дека најдобро време да се почне со негување на ставот #Благодарам е од градинка, затоа ја подготвив и оваа обука за сите воспитувачи/наставници (од I до V одделение) која заедно со материјалите (книгите #Благодарам и 50+ идеи #Благодарам, играта, картите, картичките, доминото, предизвикот #Благодарам) ќе им даде материјал за исполнување на часовите со различни…

Покани ме на игра со #Благодарам

Во најзначајните години, кога учењето е игра и секој ден е ново откритие, благодарноста е една од највредните лекции што децата можат да ја научат. Затоа ја создадов работилницата #Благодарам, преку која благодарноста им ја доближуваме на најмалите со приказни, игри и многу љубов. Заедно со работилницата, библиотеката на градинката на подарок ги добива и…

Покани ме на час

Покани ме на час и заедно да ја доближиме книгата до децата. Да им бидат поддршка во развивање на ставот #Благодарам со пристапот #КакоМОЖЕ, а не зошто не (оваа понуда е за државните училишта, секоја друга установа може да пише за понуда). Оваа иницијатива е поддржана и од клиентите со кои соработувам – со секоја…

Планер ЗА… развивање на навики/вештини

Планерот ЗА… е недатумиран и може да се започне во било кој момент – не мора да се чека Нова година, некој понеделник или „вистинскиот момент“. Може да го започнете кога ќе почувствувате дека сакате да направите промена, да изградите нова навика, да развиете нова вештина или едноставно да внесете повеќе свесност во начинот на…

Планер за СРЕЌНИ родители

Свесното родителство ретко се случува случајно.Се гради чекор по чекор – кога ќе одлучиме да застанеме, да размислиме и свесно да го создадеме родителството што сакаме да го живееме. За една од најважните улоги во животот – родителството – нема формално образование.Затоа многу родители несвесно ги повторуваат моделите со кои самите пораснале. Овој планер е…

Карти и коцка #Благодарам

Картите и коцката #Благодарам се создадени како мали, но моќни потсетници за практикување #Благодарам како животна вештина. Со картите #Благодарам можете да ги играте и игрите од нашето детство – Меморија, Црн Петко и Магаре – преработени во духот на #Благодарам, за уште повеќе забава и поврзување со децата. Коцката #Благодарам е за спонтани моменти…

Игра, Карти, Коцка #КакоМОЖЕ за компании и за семејства

Зошто #КакоМОЖЕ? Како вежбате решавање на проблеми?Дали воопшто вежбате решавање на проблеми? #КакоМОЖЕ е сет алатки дизајнирани да го вежбаат токму тоа – структурирано размислување, поставување прашања и фокус кон можности наместо кон ограничувања. Играта, картите и коцката функционираат како вежбанки за работа со реални ситуации – било да станува збор за компанија или за…