ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Последна измена: 28.04.2025
Вовед
Благодарам што сте тука на оваа веб-страница. Оваа Политика за заштита на личните податоци објаснува како Кампањата #ЛиченИЗБОР ги собира, користи и заштитува вашите лични податоци при користење на оваа веб-страна.
Грижата за вашите податоци ја сфаќаме сериозно.
- Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци е:
Ана Салтирава Давидовски
Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР
Е-маил: ana@anasaltirova.mk
Република Северна Македонија
- Кои податоци ги собираме?
Преку оваа веб-страница можеме да ги собереме следните податоци, доколку доброволно ни ги доставите:
- Име и презиме
- Е-маил адреса
- Порака испратена преку контакт форма или директна е-маил комуникација
Преку формите на оваа веб-страница не собираме финансиски податоци.
- За која цел ги користиме податоците?
Вашите лични податоци се користат исклучиво за:
- испраќање бесплатни материјали што сте ги побарале
- испраќање блог содржини и информации поврзани со проектите #ЛиченИЗБОР, #Благодарам и #КакоМОЖЕ
- одговарање на ваши прашања или барања
- понатамошна комуникација доколку сте ја иницирале
Го почитуваме вашиот #ЛиченИЗБОР и испраќаме само содржина за која сте се пријавиле, без автоматско профилирање и без непобарани пораки.
- Правна основа за обработка
Податоците се обработуваат врз основа на:
- ваша доброволна согласност (при внесување на е-маил)
- легитимен интерес за одговор на ваше барање
- Колку долго ги чуваме податоците?
Податоците се чуваат:
- сѐ додека сте пријавени на мејл листата
- или додека не побарате бришење
Во секое време можете да се одјавите или да побарате бришење на вашите податоци преку е-маил, доволно е да ни пишете.
- Споделување на податоци
Вашите лични податоци не ги продаваме и не ги отстапуваме на трети лица, освен доколку сме законски обврзани.
Доколку користиме надворешна платформа за испраќање мејлови (на пример MailerLite или слична услуга), податоците се обработуваат согласно нивните безбедносни стандарди.
- Безбедност на податоците
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци од неовластен пристап, објавување или злоупотреба. Сепак, важно е да се има предвид дека ниту еден начин на пренос на податоци преку интернет не е 100% безбеден.
- Ваши права
Согласно Законот за заштита на лични податоци, имате право на:
- пристап до вашите податоци
- исправка
- бришење
- ограничување на обработка
- повлекување на согласност
Барањата можете да ги испратите на: ana@anasaltirova.mk
- Колачиња (Cookies)
Оваа веб-страница користи технички колачиња неопходни за нејзино правилно функционирање.
- Промени во политиката
Го задржуваме правото за ажурирање на оваа Политика. Секоја измена ќе биде објавена на оваа страница со ажуриран датум.