БЕСПЛАТНО
Оние кои што веќе имале искуство со овие материјали ме прашуваа:
зошто се бесплатни?
Со дополнување дека истите може да се продаваат,
а луѓето не ги вреднувале бесплатните работи.
Не можам да кажам дека тоа не ми годи како комплимент
и дека во нивните добронамерни совети нема вистина.
Но она што е вистина за мене е следново:
Сите навистина важни работи во мојот живот се бесплатни.
- Почнувајќи од воздухот кој го дишам
- И водата што ја пијам
- Љубовта за/од моето семејство
- Почитта и пријателството за/од пријателите…
Сè тоа го добивам како подарок.
Исто така – и овие материјали остануваат подарок.
За да можат да допрат до што е можно повеќе дечиња и нивните родители,
со надеж дека ќе направат разлика во нивните животи.
- Да ги охрабрат да преземаат свесни одлуки
- Од добра состојба
- Водејќи внатрешни разговори фокусирани кон решенија, а не кон проблеми.
Бидете слободни да ги споделите со ваши драги родители и деца.
Бидете слободни да ми пишете ваши искуства од истите.
Бидете слободни да ме тагнете ако споделувате на социјалните медиуми или да го ставите хаштахот #ЛиченИЗБОР, #Благодарам, #КакоМОЖЕ.
Доколку ова е интересно за вас можеби ќе сакате да го погледнете и КЛУБот за РОДИТЕЛИ.