Здраво 👋, здраво 👋, јас сум Ана. Благодарам од 💛 што си тука. По некои „интересни“ случувања во животот решив да си ги исполнувам детските соништа, а по некои други „интересни“ случувања во животот решив да се отворам и да ги поканам луѓето да ми се приклучат на тоа патување, кое станува навистина возбудливо. Ја покренав Кампањата #ЛиченИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода. Истата е поддршка на патот на успехот и ги обработува 2-та чекори пред избор на стратегија за успех што често се занемаруваат. Првиот чекор, од која состојба ја избирам стратегијата (од добра состојба изборите се поинакви), а со благодарноста најлесно и најбрзо се менува состојбата, па така ја напишав интерактивната книга #Благодарам, 50+ идеи за #Благодарам, карти, картички, предизвик, домино, игра #Благодарам… Вториот чекор, каков разговор водам сам/а со себе додека ја избирам стратегијата за успех (дали сум си поддршка или најголем кошмар сам/а), тука ја има мојата авторска игра #КакоМОЖЕ, картите #КакоМОЖЕ за деца/големи, а работам и на истоимената книга. Под капата на Кампањата #ЛиченИЗБОР креирам материјали за личен развој, како и материјали за родители и деца, те повикувам да ги погледнеш во делот Да работиме заедно. Покрај тоа вистинско уживање ми е и држењето на обуки како за големи (најчесто тоа е во компании но исто така и има отворени обуки), така и за мали (моето омилено #NLPзаДеца). Во 2023 година направив и полнолетство во оваа улога, сега сум 18+ години со тој повик во кој уживам секоја година се повеќе и повеќе, во тоа да бидам поддршка како на компаниите, така и на поединците, а во последните години и на родителите и децата со фокус на меките вештини кои ни се потребни за успех во животот/школото/работата. Може ќе ве изненади ама нема некоја голема разлика од вештините што му се потребни на едно дете во паркот, школскиот двор или на нас големите на работа. Сакам моите деца (а и сите други) да ги знаат тие работи пред да дојдат таму за да можат да продолжат да си играат исто како што сега безгрижно си играат. Учачка сум по природа, постојано нешто учам и читам.

Некои луѓе преферираат формално преставување, и тоа е супер.


Ана Салтирова Давидовски е магистер по менаџмент на човечки ресурси, искусен HR професионалец, NLP тренер и coach, според стандардите на IANLP – International Association for NLP, а преку магистерската теза со наслов „Програмирање на самоактивноста за развој на личното мајсторство“, за првпат го внесе NLP во академските води во РС Македонија. Исто така е и High Performance Team Coach и Parent as a Coach, според Erickson Coaching International, Points of You практичар, тренер за личен развој, автор. Од 2005 година активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Исто така, ја покрена и Kампањата #ЛиченИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода, во која креира материјали за личен развој, како и материјали за родители/деца. Во склоп на оваа кампања е и интерактивната книга #Благодарам која во првата година се најде на листата на 20 најпродавани книги преку www.kupikniga.mk, е-книгата „50+ идеи за #Благодарам“, исто така, свое место заземаат и: игрите и картите #Благодарам, играта и картите #КакоМОЖЕ, недатумираните планери, односно „Годишен планер ЗА…“ и „Годишен планер за Среќни родители“, кои се поддршка во развојот на посакуваните навики/вештини, како и други материјали.

Таа е долгогодишен член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, една од иницијаторите за формирање на огранокот за коучинг при Македонската асоцијација за човечки ресурси и е активно вклучена во повеќе проекти за развој на човечките ресурси во РС Македонија и промоција на професијата.