Работилница за Наставници/Воспитувачи

Верувам дека најдобро време да се почне со негување на ставот #Благодарам е од градинка, затоа ја подготвив и оваа обука за сите воспитувачи/наставници (од I до V одделение) која заедно со материјалите (книгите #Благодарам и 50+ идеи #Благодарам, играта, картите, картичките, доминото, предизвикот #Благодарам) ќе им даде материјал за исполнување на часовите со различни активности за негување на ставот #Благодарам и тоа во текот на целата година. Дополнително верувам во нивната креативност и верувам дека споменатите материјали ќе им разбудат уште многу идеи како би можело децата да се поддржат во тој процес, не помалку важно како и тие да се наполнат од таа енергија затоа што повеќе од сигурно им е ним потреба во процесот на работа.
За посетената обука се добива и сертификат за посетена обука кој е поддрка на процесот на континуиран професионален развој.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛