Планер за СРЕЌНИ родители

Свесното родителство ретко се случува случајно.
Се гради чекор по чекор – кога ќе одлучиме да застанеме, да размислиме и свесно да го создадеме родителството што сакаме да го живееме.

За една од најважните улоги во животот – родителството – нема формално образование.
Затоа многу родители несвесно ги повторуваат моделите со кои самите пораснале.

Овој планер е покана да направиме чекор назад, да размислиме и свесно да одлучиме каков родител сакаме да бидеме. Создаден е како поддршка за родителите кои сакаат свесно да го планираат своето родителско патување. Бидејќи е недатиран, може да се започне во било кој момент – тогаш кога ќе почувствувате дека сакате да внесете повеќе јасност, свесност и радост во родителството. Во планерот ќе најдете прашања за лична рефлексија, идеи за свесно родителство, простор за планирање и мали потсетници кои нè враќаат кон вредностите што сакаме да ги живееме како родители.

Планерот може да се користи самостојно, но тој е и дел од екосистемот на алатки за животни вештини што се развиваат во рамки на Кампањата #ЛиченИЗБОР и #КЛУБзаРодители.

Членовите на #КЛУБзаРодители го добиваат планерот на подарок со првото приклучување.

Во рамките на клубот родителите добиваат и дополнителна поддршка, вклучувајќи ја и работилницата „Забава за ПЛАНИРАЊЕ на родителското патување“, каде планерот се користи како алатка за размислување, разговор и поставување на лични родителски цели.

Планерот за СРЕЌНИ родители може да се добие на два начина:

  • како самостоен продукт редовна цена: 700 денари
  • како подарок при првото приклучување во #КЛУБзаРодители, заедно со многу други материјали, работилници и заедничко учење со други родители.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛