Детски медитации со #Благодарам

Бенефитите од медитацијата се повеќе од научно докажани, секако топло Ве охрабрувам да го истражите ова тврдење. Покрај многуте можеме да се нагласат:
  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • го намалува стресот
  • ја зголемува самодовербата
  • го подобрува спиењето
  • го намалува хиперактивното однесување
 

Бонус го зајакнувате Вашиот однос со детето.

Најдобро време за медитација е кога ќе се разбудат дечињата, кога ќе им биде потребна мала пауза во текот на денот или пред заспивање.
#Деница е медитација за добро утро, #Мирка е медитација за пауза – кога детето ќе почувствува силни емоции или едноставно ќе има потреба да застане и повторно да се поврзе со себе, а #Сонка е медитација за мирен крај на денот. Дополнително, сите медитации се збогатени и со негување на ставот #Благодарам, за благодарноста да стане природен дел од детското секојдневие.

Ако сте вклучени во #КЛУБзаРодители истите можете да ги најдете во библиотеката. Доколку не сте член, во согласност со вредностите на кампањата #ЛиченИЗБОР, веруваме дека секој треба да има можност да избере како ќе придонесе. Затоа овие медитации се достапни преку иницијативата „Избери ја својата цена“, каде што можете еднократно да изберете износ од 100, 200 или 300 денари.

Погледнете го краткото видео.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛