Планер ЗА… развивање на навики/вештини

Планерот ЗА… е недатумиран и може да се започне во било кој момент – не мора да се чека Нова година, некој понеделник или „вистинскиот момент“. Може да го започнете кога ќе почувствувате дека сакате да направите промена, да изградите нова навика, да развиете нова вештина или едноставно да внесете повеќе свесност во начинот на кој го живеете и работите.

Планер ЗА… може да биде подарок за себе, но може да биде и КО-Бренд алатка за компании, тимови или проекти, со логото на компанијата, наменета за заедничко патување во насока на развој.

Неговата идеја е едноставна – знаењето да почне да работи за нас.

Во моето повеќе од 20-годишно искуство во обуки и coaching, често гледам прекрасни луѓе кои знаат многу, учат, се согласуваат со новите идеи. Но потоа се случува животот. И знаењето останува само – знаење. А знаењето што не го користиме е, на некој начин, циничен дар. Не затоа што не е вредно, туку затоа што не успева да стане дел од нашето однесување и резултати. Планер ЗА… е создаден токму за тој момент.

Тоа е алатка што помага знаењето, идеите и намерите да се претворат во практика да се интегрира во секојдневниот живот и работа – преку јасна структура за поставување цели, следење активности, рефлексија и континуирано подобрување.

Може да се користи:

  • после обука или тренинг
  • при воведување нова навика или вештина
  • при нова улога или нов проект
  • или едноставно кога ќе одлучите дека сакате да одите на следното ниво на личен или професионален развој.

Патувањето со Планер ЗА… е како инсталирање апликација за себе-подобрување, си подарувате време за свесен развој низ водена методологија која работи не кога знаеме за неа, туку кога постапуваме по неа.

 

Редовна цена: 700 денари

КО-БРЕНД ПОНУДА (за компании, тимови и проекти)
Доколку сакате Планер ЗА… да биде прилагоден на вашата компанија, проект или тим (лого и порака), пишете ми и ќе креираме понуда што има смисла за вас.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛