Картите и коцката #Благодарам се создадени како мали, но моќни потсетници за практикување #Благодарам како животна вештина.
Со картите #Благодарам можете да ги играте и игрите од нашето детство – Меморија, Црн Петко и Магаре – преработени во духот на #Благодарам, за уште повеќе забава и поврзување со децата.
Коцката #Благодарам е за спонтани моменти – кога немаме време за „големи разговори“, а сакаме вистинска поврзаност. Едно фрлање е доволно за да започне мал ритуал на присутност, благодарност и топлина.
За мали и ГОЛЕМИ, секојдневието, моменти што прават разлика.
Карти #Благодарам
(за играње на познати детски игри во ново, #Благодарам руво)
Цена: 300 денари
Коцка #Благодарам
(за спонтан почеток на разговор или ритуал)
Цена: 300 денари
Карти ШТО фали? #Благодарам – НАСКОРО
(игра што го тренира фокусот, брзината и… благодарноста)
Цена: 💛 денари
Бесплатни ресурси
Во делот Бесплатни ресурси на оваа веб-страницата можете бесплатно да ги преземете играта #Благодарам, картичките и предизвикот #Благодарам – како поддршка за првите чекори и за создавање свои мали ритуали на благодарност (дома или во училница).
Секој од производите може да се користи самостојно, а заедно создаваат мал, но моќен сет за вежбање на благодарноста како животна вештина – со повеќе свесност, присутност и моменти што се паметат.