Што ако успехот на организацијата започнува со две едноставни навики?

Секоја нова година почнува со рефлексија на минатата и бизнис план за наредната година, секако зачинет со желби за поголем успех во наредната година. Тоа некогаш се случува а некогаш не. Од што зависи? Што може организацијата да направи? Како може секторот за HR да биде поддршка на тој пати? Повеќе од сигурно е дека и покрај работите кои се случуваат и на кои не секогаш имаме контрола има работи кои можеме да ги направиме како би си ја зголемиле веројатноста за успех.

 

Факт е дека голем дел од смелите идеи кои се имаат во организациите не им се пристапува и стојат на пописот желби, еден ден кога ќе се има повеќе време и пари. За важните и вредни работи одвојуваме време и пари, преку нив можеме да оставиме белег во/со организацијата.

 

Како некој кој што работи во човечки ресурси, учествува во процесот на избор на вработени и некој кој што работи со луѓе интензивно и во делот на развој, согледувам дека некои работи би биле полесни/побрзи/поедноставни доколку организацијата негува одреден начин на размислување кај вработените како организациска култура и во процесот на избор на идни вработени ги бара тие квалитети кај потенцијалните кандидати. Во времето во кое што живееме и времето кое што е на повидок единствено нешто што е константно и кое што има тенденција да се забрзува е промената. Како би можело да се одговори, дали сме спремни за таа реалност?

 

Првин ние ги формираме/креираме навиките а потоа тие не формираат/креираат нас, затоа е важно тоа да го правиме свесно. Дали можеме да си дадеме ветување дека ќе размислиме дали и во каква форма овие навики имаат простор или и дали имаат простор во нашата организација? Едно е сигурно како се менува се што не окружува треба и ние да се менуваме, таа промена може да биде реакција кога мораме или свесен избор со проактивен избор во насоката во која што сакаме да се движиме. За важните прашања треба редовно да ги преиспитуваме претпоставките од кои што тргнуваме, да бидеме сигурни дека истите се релевантни за окружувањето во кое делуваме.

 

За мене овие навики направија голема разлика во квалитетот на живот со што разбудија и желба да ги споделувам со други луѓе, покренав и кампања за промоција на истите која што се вика #ЛиченИЗБОР, како истата ја развивам и тестирам гледам дека може да биде поддршка и во организациите. Одговорот за тоа е многу едноставен во организациите работат луѓе и тие се дел од равенката која што ја прави разликата. Оваа кампањата е вредносно движење кое развива екосистем на алатки за животни вештини и поттикнува свесен избор на фокусот на мислата со јасна цел враќање на доброто расположение повторно во мода. Доброто или не толку доброто е што избор на мислата го правиме по навика. Ако го правиме по навика тоа значи дека го правиме автоматски. Тоа значи дека нешто толку многу пати сме го повториле што веќе и не размислуваме за него. Што значи дека ако почнеме да размислуваме и свесно избереме поинаку можеме да навежбаме и поинаков избор на мислата, така?

 

Да се вратам на навиките кои верувам дека можат да направат промена како на приватен план така не помалку да направат квалитетни промени и на делот план, а за кои верувам дека организацијата како стратешки пристап може да одлучи да ги негува согласно што секторот за човечки ресурси може да ги операционализира во стратегии.

 

Станува збор за навиката на негување на благодарноста за сѐ што ќе се случи. На сите работи кои ќе се служат во организацијата да погледнеме од наочарите на благодарноста, за добрите да оддадеме признание а за оние другите (лошите) да бидеме благодарни за лекциите кои сме ги научиле. Се надевам дека одбирате свесно да ги научите лекциите зошто во спротивно истите имаат тенденција да се вратат со засилена порака доколку не сме ја чуле оваа првата.

 

По овој текст ве повикувам да земете еден голем бел лист и да го поделите на половина, на едната страна напишете ги сите грешки, удари кои ги имала организацијата, откако ќе испишете сѐ што ви текнува на другата половина од листот до секое искуство напишете што од тоа искуство имате научено како организација кои вештини ги имаат стекнато вашите вработени, како вашата организација пораснала како резултат на тие таканаречени неуспеси. Ќе видите дека оној момент кога било најтешко во организацијата се случиле и најголемите учење, се покажале деловите кои се нефункционални и кои што прават проблем или паднале маските на соработниците со кои сте верувале дека имате меѓусебна лојалност. Затоа да бидеме помеки и да гледаме на искуството како на патека за откривање, развој и доживотно учење.

 

Да се запрашаме дали имаме и повеќе од тоа што ни треба само ни недостасува малку свесност и благодарност за истото? Првата навика свесно да избереме за секое искуство да бидеме благодарни за доброто или за лекцијата што ја нуди тоа искуство зошто благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме, а истото е поткрепено со многубројни истражувања. Но ве молам немојте да ми верувате бидете слободни сето тоа сами да го проверите. Исто така и многу истражувања потврдуваат дека благодарноста влијае на среќата/задоволството на вработените а тоа влијае на резултатите во организацијата.

 

Втората навика е начинот на кој што зборуваме сами со себе и следствено со вработените, дијалогот кој што го водиме, посебно за работите кои се важни и негувањето на ставот #КакоМОЖЕ т.е. фокус кон изнаоѓање на решение vs. фокус на проблемот, прави голема разлика во резултатите долгорочно. Дали имаме навика да размислуваме како нештото може да се направи или размислуваме зошто нешто не може да се направи? Да ви ја кажам големата тајна зависно од прашањата што си ги поставуваме ќе ги добиеме и одговорите, ако се прашуваме како може ќе добиеме и одговори во таа насока ако се прашуваме како или зошто не може ќе добиеме одговори во таа насока. За овој чекор креирав игра, карти и коцка кои се викаат #КакоМОЖЕ.

 

Верувам дека ја зголемуваме веројатноста за успех во секој сегмент ако прво гледаме со наочари што е тука позитивно/што можам да научам од ова искуство и второ да му пристапуваме со ставот како може т.е. со фокус кон решение vs. фокус на проблем.

Facebook
Twitter
LinkedIn