Шефот има лош ден

Дали поради тоа што сме во криза и се затвораат работни места секојдневно тоа на шефот му дава за право да има лош ден и тоа гласно да го изрази пред своите вработени.

 

Дали кога се има лош ден потребно е тоа да се истура на другите луѓе на кои имаме влијание?

Дали нашата корпа со ѓубре потребно е да ја истураме во нечиј туѓ двор?

До кога и колку тоа можат да го трпат вработените?

Дали тоа кога утредента се однесуваат како ништо да не се случило вистина и така се чувствуваат?

Дали ако не покажуваат тоа не влијае врз нивниот разултат во работењето?

Дали доколку беше поинаку можеби можат да дадат и подобри резултати иако даваат одлични резултати и сега?

Која е разликата која прави разлика?

Нели ќе си отидат ако не се задоволни, зошто се уште тука?

Да не се случило најлошото, да не напуштиле емотивно?

Дали се уште тука со нас, дали ги делиме уште истите интереси?

Дали работиме за истите цели?

Дали очекуваме да не слушаат и разберат дека сме имале тежок ден, а притоа сме се однесува „онака“?

 

Дали секој има право на лош ден но никој нема право да им го уништи денот на другите со својот лош ден. Кога ќе удриме со еден непромислен чекор по почитта и довербата во релацијата секогаш тоа отвора многу време вложено во поправање на нарушените односи. Исто како и земјотресот. Се е убаво и тивко, децата безгрижно си играат во паркот, забрзани луѓе одат на важни состаноци, уметниците им се воодушевуваат на своите музи и за миг целата хармонија е уништена. Потребно е време да се санираат штетите и истото повторно да се изгради. Но како можело да биде никогаш не може да знаеме, дали ако енергијата за поправање на нештата не е попаметно да се инвестира во градење и унапредување на истите.

 

Тоа се прашања кои треба да си ги поставиме пред да си допуштиме да имаме лош ден на грбот на другите. Тоа што некои други си го допуштаат истото, нас не ни дава за право/обврска да ги следните нивните чекори.

Facebook
Twitter
LinkedIn