Родителството во деловниот свет

Разликата којашто прави разлика е кога за вработените се грижиш целосно. Во овој контекст под целосно мислам и на вклучување на другите улоги коишто ги имаат вработените надвор од работата. Една од најважната улоги која што едно возрасно лице може да ја има а за која што нема формално образование, ниту пак се бара диплома како би можел човек да се впушти во таа авантура е улогата на родител. Од друга страна живееме во време во кое рамнотежата помеѓу work-life баланс или можеби life-work баланс во организациите е на високо ниво и многу компании со проактивен пристап ги препознаваат и предавањата за родителство како еден од чекорите за посреќни и попродуктивни вработени.

 

Од друга страна едукацијата на вработените на тема родителство секако несомнено носи придобивки и за компанијата, некои индиректни, а некои и директни:

  • Подобар life-work баланс.
  • Намалување на стресот, зголемување на среќата што е значаен индикатор за зголемена ангажираност, лојалност, продуктивност.
  • Развивање на вештини кои може да се аплицираат и на работа.
  • Потенцијално влијае и на организациската култура

 

Среќна сум што можам да кажам дека тоа е случај и во наши компании, вакви предавања минатиот месец во месецот на менталното здравје одржав во Титан Цементарница Усје и Marand Consultants, секако истите не се резервирани само во овој месец.

 

Работам 20+ години од кои 18+ во HR и развој на вработени и она што го имам согледано како HR професионалец од една страна и родител од друга страна е дека ние родителите можеме подобро да си ја напишеме домашната и да ги поддржиме децата на патот кон нивно осамостојување а потоа и придонес во окружувањето каде ќе делуваат. Не знаеме што ќе донесе новото време и не можеме со сигурност да ги насочиме за правецот зошто работите многу динамично се менуваат, но сигурна сум дека прво позитивниот пристап кон промената и второ размислување со став #КакоМоже ќе им ја зголеми веројатноста за успех како во животот така и во кариерата. Согласно ова мое согледување ја покренав Кампањата @LicenIZBOR и во последните 5 години активно работам на креирање на материјали за личен развој, поддршка на родителите и материјали за деца.

 

Сите за себе и за децата посакуваме успех, со вас сакам да споделам како проучувањето на успехот ме наведе на два предчекори пред изборот на стратегија за успех што често се занемаруваат. Тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана интерактивната книга #Благодарам, е-книгата 50+ идеи за негување на ставот #Благодарам, играта #Благодарам, картите #Благодарам, #Благодарам-картичките, а како одговор на вториот чекор работам на третата книга, а играта и картите #КакоМоже веќе се тука. Дел од тие материјали се слободни побарајте ги и поклоните си квалитетно време во своето семејство или поклонете им квалитетно време на вашите вработени во нивните семејства, детали за истите можете да најдете во делот подарок www.AnaSaltirova.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn