Волшебното килимче – семејна книга НАСКОРО

По благодарноста… доаѓа вербата во сопствените ресурси.

По книгите #Благодарам и 50+ идеи #Благодарам, „Волшебното килимче“ нè поканува да ги откриеме силите што секој од нас ги носи во себе.

Некои книги се читаат.
Некои книги се доживуваат заедно.

„Волшебното килимче“ е третата книга од серијата книги што произлегоа од желбата знаењето од NLP да се доближи до децата – преку приказни, разговор и заедничко време во семејството.

Како и книгите #Благодарам и 50+ идеи #Благодарам, и оваа не е само детска книга. Ова е семејна книга – книга која ги поканува и децата и родителите да размислуваат, да разговараат и да создаваат заеднички спомени.

Посебноста на оваа книга е што илустрациите се создадени од моите деца – Огнен и Елена. Токму затоа книгата ќе излезе во периодот на нивните родендени – како симболичен подарок за нив, но и за сите деца и родители кои сакаат заедно да создаваат нови приказни.

Приказната ги поканува децата да замислат дека имаат свое волшебно килимче – место од кое можат да тргнат кон своите соништа, идеи и можности.

Книгата е инспирирана од NLP техниката „Круг на извонредност“, која им помага на децата да ги препознаат и активираат своите внатрешни ресурси – храброст, радост, самодоверба, љубопитност…

На крајот од книгата има и интерактивен дел, каде децата и родителите заедно ќе можат да ги откријат и создадат материјалите за своето волшебно килимче – преку цртање, размислување и разговор.

Така секое семејство создава своја уникатна верзија на приказната.

 

Преднарачка

Преднарачката за книгата „Волшебното килимче“ е веќе отворена.

Специјална цена за преднарачка:
400 денари

Редовната цена ќе биде објавена по излегувањето на книгата.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛