Развивање на ставот #КакоМОЖЕ во корпоративниот свет

Како вежбате решавање на проблеми во вашата компанија?
Дали воопшто вежбате решавање на проблеми?

Во време на постојани промени, способноста структурирано да се размислува за проблемите и да се учи од нив станува клучна компетенција. Компаниите кои имаат јасен процес за пристап кон проблемите – и култура што ги охрабрува луѓето да размислуваат во насока на можности – создаваат предност.

#КакоМОЖЕ е пристап кој го развива токму тој начин на размислување.

Играта, картите и коцката #КакоМОЖЕ се практична вежбанка за работа со реални проблеми. Тие поттикнуваат:

  • структурирано размислување
  • заедничко барање решенија
  • размена на искуство
  • фокус кон резултатот, наместо кон проблемот

Во корпоративен контекст, алатките може да се користат како:

  • дел од интерактивна работилница
  • поддршка на тимски состаноци
  • алатка за развој на лидерски тимови
  • индивидуална работа со менаџери

 

Достапни алатки:

Игра #КакоМОЖЕ – coaching игра за работа со реални проблеми
Цена: 2.000 денари

Карти #КакоМОЖЕ – прашања што го отвораат размислувањето
Цена: 550 денари

Коцка #КакоМОЖЕ – алатка за спонтан почеток на разговор
Цена: 300 денари

Алатките може да се користат самостојно или како комплетен сет.

 

Доколку сакате #КакоМОЖЕ да стане дел од вашиот начин на работа, можеме да креираме интерактивна работилница прилагодена на вашите потреби.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛