Развивање на ставот #КакоМОЖЕ во корпоративниот свет

Како вежбате решавање на проблеми во вашата компанија? Дали воопшто вежбате решавање на проблеми?

Ова е една од клучните компетенции за кои се зборуваше изминатите години, а согласно динамиката на промените ќе биде релевантна и за иднината. Секоја промена носи проблеми, а оние кои ќе имаат структура како успешно ќе ги решаваат проблемите и да учат од нив, ќе го водат орото.

Играта #КакоМОЖЕ е вежбанка за решавање на проблеми, предизвици или ситуации, независно како се именуваат. Таа може да биде поддршка на меѓусебната размена на знаење, искуство, меѓусебно инспирирање. Игрите се одлично помагало за учење, затоа што бараат од играчот целосно да се вклучи во процесот во кој стекнува и знаење, а сето тоа се случува низ забава. Добрата игра поттикнува на размислување и фокус кон резултатот vs. фокус на проблемот.

Доколку сте компанија и саката играта #КакоМОЖЕ и развивањето на ставот #КакоМОЖЕ да влезат во вашиот начин на работа побарајте ја вашата понуда за интератквина работилница прилагодена согласно вашите потреби.

За големата идеја од играта можете да го прогледнете видеото 👇

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛