Во најзначајните години, кога учењето е игра и секој ден е ново откритие, благодарноста е една од највредните лекции што децата можат да ја научат. Затоа ја создадов работилницата #Благодарам, преку која благодарноста им ја доближуваме на најмалите со приказни, игри и многу љубов.
Заедно со работилницата, библиотеката на градинката на подарок ги добива и книгите #Благодарам и 50+ идеи #Благодарам (оваа понуда е за државните градинки, секоја друга установа може да пише за понуда).
Оваа иницијатива е поддржана и од клиентите со кои соработувам – со секоја обука, coaching или продажба на производ од Кампањата #ЛиченИЗБОР, дел од средствата се вложуваат токму во оваа мисија – заедно да ја шириме благодарноста.