Корпоративни Обуки/Работилници

Од 2005 година работам со компании кои сакаат повеќе од „добра обука“, сакаат промена што останува и по завршувањето на сесијата.

Мојот фокус е таму каде што теоријата се претвора во практика: во комуникацијата меѓу луѓето, во начинот на кој тимовите носат одлуки, во културата што ја градиме секој ден. Работам со пристап кој ја комбинира NLP методологијата, coaching размислувањето и конкретни алатки што можат веднаш да се применат.

Не верувам во универзални решенија. Секоја програма се креира според реалните предизвици и целите на компанијата.

Теми и области на работа

  • Влијателна комуникација и feedback култура
  • Управување со конфликти и градење психолошка сигурност
  • Мотивација и ангажираност на вработените
  • Лидерство и вредности што водат
  • Управување со време и енергија
  • Развивање на ставот #КакоМОЖЕ во организациски контекст

Ова се најчестите области на кои работам. Програмите ги прилагодувам на реалните предизвици на компанијата, со цел системски да се развиваат клучните меки вештини.

 

Формати

  • Интерактивни работилници
  • In-house програми за развој
  • Тимски coaching
  • Развојни тим билдинг настани

Ако сакате да разговараме за програма што ќе одговара на вашиот тим и контекст, слободно контактирајте ме за иницијален разговор.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛