Јас сум идеален родител за моето дете, исто како и ТИ.
Ти си идеалениот родител за твоето дете, она што јас го правам, а сакам да те поканам и ти да ми се приклучиш, е со многу љубов да ги симнам сите лушпи за тоа што сум го научила за родителувањето, а кое веќе не ми ги носи посакуваните резултати. Работите брзо се менуваат. Верувам дека оваа генерација на родителите имаме повеќе можности во родителската улога да направат свесни лични избори, и да ги отпуштиме со многу љубов оние кои сме ги научиле во матичното семејство по пат на пренесување од генерација на генерација (така се прави), а кои не нѐ носат на местото каде сакаме и знаеме дека можеме да бидеме.
Mајка сум на 2 прекрсни дечиња Огнен и Елена, и секојдневно работам да го направи нивното растење НЕ полесно туку покорисно за животот кој што е пред нив, се трудам да бидам пред се пример, а потоа и поддршка во нивното растење. Се вложувам да ги подготвам да бидат спремни за времето што доаѓа, а кое не ни знам како ќе изгледа.
КЛУБот за РОДИТЕЛИ не е обука за родителување иако ќе има и такви елементи ова е одговор за она што го гледам во последните 18+ години работно искуство како тренер за меки вештини во корпоративниот свет. Гледам дека некои работи кои јас ги подучувам големите и кои и јас самата ги учев како голема, и се прашував ЗОШТО ова не го знаев порано, можеме ние родителите да ги подучиме децата, како би ги подготвиле да влезат во светот на ГОЛЕМИТЕ и таму да продолжат да си играат безгрижно како што тоа го прават денес. Нема некоја голема разлика во вештините кои нам ни се потребни на работа од оние што им се потребни на децата на игралиштето, на пример.
Ѕирни ги сите детали за КЛУБот за РОДИТЕЛИ или пиши ми.