#Благодарам – семејна книга

Поривот да ја напишам книгата се роди од две мои силни инспирации.
Од една страна – моето воодушевување од NLP (неуролингвистичко програмирање), методологија за личен и професионален успех која истражува што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како може да се премости тој јаз.

Од друга страна – моите две дечиња, кои во мене ја разбудија желбата ова знаење да го адаптирам за најмладите, преку приказни и активности блиски до детскиот свет.

Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца – топол дом, облека, храна, играчки, одмор – на дар им го даваме и нашиот став кон животот.

Оваа книга е поддршка за родителите во градење на позитивното размислување кај децата.
Но додека работат со книгата, и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи и да забележат колку добри нешта веќе постојат во него.

Книгата е интерактивна. Од една страна благодарност изразува детето, а од друга страна родителот.

Со активно учество во книгата, родителите и децата ќе имаат можност да разговараат на различни теми, да видат како размислуваат децата и да ги водат кон вредности што ќе им служат низ целиот живот.

На крај, #Благодарам останува во семејството како споменар во кој ќе бидат забележани сите значајни работи кои ви го правеле животот поубав. Уживајте и креирајте среќни спомени во семејната меморија.

Редовна цена: 500 денари

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛