Игра, Карти, Коцка #КакоМОЖЕ за компании и за семејства

Зошто #КакоМОЖЕ?

Како вежбате решавање на проблеми?
Дали воопшто вежбате решавање на проблеми?

#КакоМОЖЕ е сет алатки дизајнирани да го вежбаат токму тоа – структурирано размислување, поставување прашања и фокус кон можности наместо кон ограничувања.

Играта, картите и коцката функционираат како вежбанки за работа со реални ситуации – било да станува збор за компанија или за семејство. Тие поттикнуваат:

  • разговор наместо избегнување
  • заедничко барање решенија
  • размена на искуство
  • активна вклученост
  • учење низ интеракција

Игровниот формат го намалува отпорот, ја зголемува вклученоста и создава простор каде луѓето размислуваат поинаку – но на структуриран начин.

Поканете ја и вие.

Игра #КакоМОЖЕ
Coaching игра за работа со предизвици
Цена: 2.000 денари

Карти #КакоМОЖЕ
Прашања што го отвораат размислувањето и разговорот
Цена: 550 денари

Коцка #КакоМОЖЕ
Алатка за спонтан почеток на разговор или мини-вежба
Цена: 300 денари

Секој производ може да се користи самостојно, а заедно создаваат моќен сет за учење, разговор и развој.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛