Игра, Карти, Коцка #КакоМОЖЕ за компании и за семејства

ЗОШТО играта, картите, коцката #КакоМОЖЕ?

Играта и картите #КакоМОЖЕ се вежбанки за решавање на проблеми, предизвици или ситуации, независно како се именуваат. Тие може да бидат поддршка на меѓусебната размена на знаење, искуство, меѓусебно инспирирање.

Како вежбате решавање на проблеми? Дали воопшто вежбате решавање на проблеми? Дали меѓусебно зборувате за проблемите кои ги имате, барате ли поддршка или…

Од друга страна игрите се одлично помагало за учење, затоа што бараат од играчот целосно да се вклучи во процесот во кој стекнува и знаење, а сето тоа се случува низ забава. Добрата игра поттикнува на размислување и фокус кон резултатот vs. фокус на проблемот.

Играта и картите #КакоМОЖЕ одлично се вклопуваат и на компаниските а и на семејните состаноци и разговори.

Поканете ја и вие?

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛