1-на-1 coaching
е процес на ослободување на потенцијалот на клиентот кој е движечката сила за идентификување на предизвиците, поставување на јасни цели, план за акција, поддршка на неговото остварување, како и креирање на модели и однесувања кои водат до успех. Во креативниот coaching процес клиентот се инспирира да го максимизира својот потенцијал преку сет на прашања, методи, стратегии и техники од страна на coach-от, во овој процес јас ја вклучувам и мојата авторска игра и карти #КакоМОЖЕ и Планерот ЗА… за развивање на ставот #КакоМОЖЕ и креирање на промени кои ќе пуштат корени за да дадат плод. Биснис coaching-от е индивидуален процес кој може да даде резултати во сигурна и строго доверлива средина.
Формат на услугата – воведна бесплата сесија (усогласување на потребите и очекувањата) + пакети од 3, 5 или 7 сесии.
Тимски coaching
исто како и биснис coaching-от фокусот е на компаниските цели но овој пат поддршката е на тимот да ги унапреди своите перформанси, кохезија, севкупната ефикасност и ефективност во работниот процес и постинување на целите. Овој процес во себе вклучува работа со целиот тим пред се креирање на психолошка сигурност во тимот како би можеле да се постават целите и членовите во тимот да се поврзат со нив, а следствено на тоа да се развие и стратегија за постигнување на истите. На сесиите coach-от ги фасилитира дискусиите, дава повратни информации и вклучува алатки и техники за справување со предизциците и за вклучување на сите членови и нивните силни страни. Тимскиот coaching покрај тоа што ја зголемува продуктивноста и сплотувањето на тимот поттикнува и позитивна поддржувачка работна средина, затоа што без јасна комуникација, лична одговорност и емпатија, ниту една стратегија не дава резултати.
Формат на услугата – воведна бесплата сесија за усогласување на потребите и очекувањата.