#Благодарам во корпоративниот свет

Дали има место за #Благодарам во корпоративниот свет?
Одговорот е – да.

Во работата со HR тимови и организации низ годините, една од „тивките магии“ што прави вистинска разлика е формулата В2С2 – луѓето да се чувствуваат видени, вреднувани, слушнати и сигурни. Кога тоа се случува, ангажираноста расте, комуникацијата се подобрува, а културата станува поодржлива.

Благодарноста тука не е убав збор. Таа станува свесна пракса и алатка за градење доверба и поврзаност.

Од моментот кога книгата #Благодарам беше издадена, компании ја избираат како дел од своите новогодишни пакетчиња – не само како подарок, туку како порака за вредностите што ги негуваат. Со тој избор тие вложуваат во односите меѓу луѓето и во благосостојбата на своите вработени.

 

Како може да се имплементира во организацијата?

  • Работилница на тема благодарност и култура на признавање
  • Интеграција во интерна комуникација
  • Новогодишни или тематски пакетчиња со порака
  • 10-дневен #Благодарам предизвик за компании

За компании кои сакаат да го тестираат пристапот на практичен начин, достапен е бесплатен 10-дневен #Благодарам предизвик.

Доколку сакате да разговараме како благодарноста може да стане дел од вашата организациска култура, слободно пишете ми.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛