Coaching за родители

Ако ви дадат златна рибка – ќе знаете ли јасно да ѝ кажете што сакате, или…?
Застанете на момент и одговорете си на ова прашање.

Никој никогаш не направил план да ги има предизвиците со кои се соочува. Тие најчесто се случуваат кога нема јасен план и кога му дозволуваме на животот да нè води, наместо ние да го водиме него.

Coaching е поддршка да им погледнете на „тешките“ прашања во очи и да направите план – односно да ја преземете одговорноста за сопствените постапки и резултати.

Првиот чекор е да ја „скенирате“ моменталната состојба: каде точно сте и каква е реалната слика – дури и кога дел од неа е предизвикот со кој се соочувате. Потоа следи создавање јасна слика за тоа каде сакате да бидете.

Да си дадете искрен одговор на прашањето:

Што сакам – наспроти – што не сакам
(да не ја збунуваме златната рибка).

Јазот помеѓу тоа каде сте и каде сакате да бидете го пополнуваме со акциони чекори – како скали што ве носат кон посакуваната слика. Важно е чекорите да бидат:

  • Јасни
  • прилагодени на вашите моментални можности
  • предизвикувачки, но не парализирачки.

Да се биде среќен и успешен е едноставно, но не е секогаш лесно.

Често во детали го планираме следното патување со образложение дека тоа е важно. Но не помалку важен е и животот. Кога ќе му се посветиме и ќе го водиме кон посакуваната иднина, нема толку често да чувствуваме потреба да „избегаме“ од него во некое следно патување.

Имањето јасен план ни дава стабилност, но и флексибилност – исто како кога имаме план за патување, а сепак оставаме простор за интересни неочекувани можности по патот.

Формат на услугата – воведна бесплата сесија (усогласување на потребите и очекувањата) + пакети од 3, 5 или 7 сесии.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛