Вложуваме во себе, се усовршуваме, стекнуваме компетенции, напорно се подготвуваме за да можеме да бидеме конкурентни на пазарот на труд. Пред идните работодавачи првично се преставуваме со CV-то, затоа CV треба да има за цел да не престави во најдобро можно светло. Според тоа повеќе од потребно е да се знае како треба да се состави јасно и добро структурирано CV. Има многу текстови на интернет како да се направи професионално CV и затоа во овој текст јас нема да пишувам за тоа, во продолжение со вас ќе ги споделам најчестите грешки кои ги имам забележано при секојдневното читање на CV-а. За да овој текст ви биде корисен грешките ќе ги организирам како булети како би можеле полесно да направите проверка при процесот на аплицирање за работа.
- Секое CV се прилагодува на конкурсот на кој што се одговара па согласно конкурсот се прават и промените во CV кое го испраќате. Доколку сакате да добиете шанса и да бидете повикани на интервју направете CV согласно огласот.
- Должината на CV-то се разликува од оглас до оглас, CV треба да биде доволно долго да ги опфати сите значајни работи но никако не треба да се оптовари со непотребни информации. Тоа е збир на вашето искуство, вашите знаења, вештини, интересирања. Во CV може да се стави и линк од вашиот LinkedIN профил во кој има детален преглед за се.
- Вашето CV искуцајте го во фонт Times New Roman, Calibri и сл. во македонска подршка, не Mac C Times, M Times, Mac C Swiss, M Swiss или некој друг македонски фонт затоа што можно е да паднете во замката лицето кај кого го праѓате CV да ги нема инсталирано тие фонтови и кога ќе го отвори вашето CV тоа да биде во латиничен фонт со запирки и точки во зборовите, а тоа нема професионален изглед.
- Ако решите да ставите фотографија потрудете се да ја изберете вистинската. Таа треба да ве престави вас како личност која што тие ќе сакаат да ја вработат, на фотографијата треба да бидете професионални (значи не треба да биде селфи, crop-ната фотографија на која е останата нечија рака на вашето рамо, фотографија од свадба, затоа што си се допаѓате, а она што најмногу ме има насмејано е фотограгија со две девојки и објаснување – јас сум таа од десно, мојата прва мисла беше мое или нејзино десно 😊). Фотографијата треба да биде како фотографиите за пасош, лична карта освен ако не е поинаку посочено. Прикачете ја во CV во горниот десен агол, немојте да ја праќате како посебен документ за да не се случи да биде помешата вашата слика со нечие туѓо CV.
- Кога ќе завршите со пишување на CV проверете дали е тоа добро напишано. Читајте го вашето CV како да сте човекот на кој што му го праќате, проверете дали има печатни и правописни грешки. Проверете дали е точен телефонот. Погледнете го вашето CV, дали визуелно добро е структурирано, динамично и прегледно.
- Доколку CV го праќате по e-маил проверете како сте го именувале документот, тој треба да се вика Име Презиме_CV, немојте да го пратите со рабониот наслов CV-makedonso, posledno, CV, сиви и сл.
- Кога го праќате вашето CV по е-маил, именувајте ја и пораката (subject – Апликација за работно место на Име Презиме, доколку не е поинаку посочено во огласот), а во телото на пораката напишете краток текст каде ги поздравувате и кратно им се преставувате, не го оставајте тој дел празен.
- Е-маил адресата од која што ќе го пратите вашето CV исто така зборува за вас, немојте тоа да биде besna@yahoo.com, mirkomazari69@hotmail.comили пак vase_prase@gmail.com или пак од службената е-маил адреса каде сега работите, отворете си е-маил кој ќе биде комбинација од вашето име и презиме.