Малата разлика во која луѓето многу се разликуваат е начинот на размислување. Сите ние размислуваме за работата и имаме некаков став околу тоа. Начинот на кој што ги гледаме работите значајно влијае на тоа што ќе постигнеме во работата. Разгледувајќи ги исказите подолу, некои од нив водат кон успех?
Дали?
- Никогаш нема да го направам тоа како што треба.
- Никој не ме сака.
- Сè што ќе почнам, сè излегува наопаку.
Или?
- Кои работи веќе ги направив, а мислев дека нема никогаш да успеам да ги направам?
- Со кого добро соработувам?
- Што е она што оди добро во мојот работа?
Сите ние си зборуваме сами со себе. Начинот на кој што си зборуваме, начинот на кој што се охрабруваме или обесхрабруваме има големо влијание на квалитетот на нашиот живот. Луѓето кои што се среќни, здрави и задоволни се оние луѓе кои позитивно зборуваат сами пред себе за себе. Ако направиме анализа во најголемиот број на случаи за работите за кои што негативно сме си зборуваме сами на себе и сме предвидувале црни сценарија, не ни биле поткрепени со некаков реален доказ за можниот негативниот исход.
Она по кое што се разликуваат успешните и помалку успешните луѓе според НЛП (неуролингвистичко програмирање) е начинот на кој што размислуваат, на што ја фокусираат својата енергија.
Исто како што и истражувањата посочуваат дека ~80% од луѓето знаат што е потребно да се направи за да се постигне посакуваното, но дека само ~20% се спремни да направат напор да го постигнат тоа.
Сите ние имаме избор, според кој и ги добиваме резултатите.