Големата визија е да ПОРАСНЕ и во КНИГА чиј автор ќе бидат македонските родители т.е. секој којшто ќе даде tip & trick за родителување ќе се потпише на истиот онака како што сака (име презиме, само име, инстаграм профил, псевдоним итн.), авторството е негово.
Те повикувам да ги извадиш сите твои, а и генерациски мудрости кои ги имаш во ракавите, поттикни, повикај ги и другите да ги споделат своите. Знаењето е единственото нешто што се умножува кага ќе се даде. Да споделиме мудрости меѓусебе како би израснале среќни, задоволни и исполнети луѓе, БОНУС ќе биде што ќе го зголемиме и уживањето во родителската улога.
ВАЖНО: Верувам дека не треба да споменам, сите предлози кои во себе вклучуваат насилство и не го поддржуваат развојот на детската личност нема да бидат објавени.
На следниот линк можете да ги видите досега пристинатите Tips&Tricks од Иницијативата #родителиЗАродители, инспирирај се, споделувај, ти се радувам од .