Ако сите можат да дојдат до истите информации, истите ресурси која е конкурентната предност на компанијата во што може да се разликува од конкуренцијата?
Како може да даде додадена вредност на пазарот и да биде препознаена и избрана од морето на понуди? Сѐ може да се копира од конкуренцијата но она што е тешко да се копира се вработените и културата во компанијата. Нешто кое што сите знаат и го сметаат за важно, но до сега ретко да го таргетираат и како итно. Вработените и културата се конкурентна предност за позиционирање на пазарот, не е новост туку клише, кое има простор да се стави повеќе во служба.
Какви треба да бидат вработените во ова VUCA окружување (VUCA – volatility, uncertainty, complexity, ambiguity т.е. нестабилност, неизвесност, комплексност и нејасност)? Што е она од кое што може да се почне, кои решенија се околу нас, а не ги гледаме или не ги користиме доволно?
Исто како што на олимпијада не победува тој што е физички најподготвен, туку тој што има силен ум т.е. силни емоционални мускули, за олимписките подготовки важи правилото колку го тренираме телото толку го тренираме и умот. Ако се искористи оваа аналогија кои мускули се посилни кај важите вработени, физичките (hard skills) или емоционалните (soft skills)? Што е она што го правите да ги вежбате двете групи на мускули клучни за успех? Дали воопшто нешто систематизирано и планирано се прави или е оставено да тече согласно моменталните потреби и можности?
Но што се емоционални мускули? Емоционалните мускули го олеснуваат секојдневното дејствување, овозможуваат сила и стабилност за справување со предизвиците во секојдневното дејствување и исто како и физичките мускули се развиваат со вежба или во основа станува збор за развивање на емоционалната интелигенција.
Сите професионалци што работат во секторите за човечки ресурси знаат колку ова е значајно во областа на човечките ресурси, разбирањето на комплексноста на човековите емоции и нивната повремена нестабилност за создавање на хармонично и продуктивно работно окружување во кое вработените ќе можат да го дадат најдоброто од себе. Се веруваше дека деловниот свет не треба да биде обоен со емоции, но правилата на играта одамна се сменети, веќе не е важно само колку сме стручни и паметни (IQ – физички мускули) туку и колку добро владееме со себе, колку сме вешти во градење на меѓусебните односи со другите луѓе (EQ – емоционални мускули). Во овој контекст емоционалните мускули се однесува на способноста за регулирање и управување со емоции на ефикасен начин т.е. способност да се справиме со емотивни предизвици, да се задржиме резилентни и да одговориме на ситуации со емотивна интелигенција. На ова е важно и планирано да се работи зошто вработените ги преземаат емоционалните кодови на колегите со кои работат како социјален вирус. Овој факт го прави ова поле значајно за нас вљубениците во HR во кое избираме да држиме фокус поради фактот што успехот на работно место во голем дел зависи од следните „мускули“ кај вработените од кои само еден „мускул“ не е од групата емоционални мускули, и тоа:
- Интелектуално познавање (стручност и искуство)
- Комуникациски вештини
- Прилагодливост
- Самоконтрола
- Мотивација за работа
- Ефикасност во групна работа
- Ефикасност во организацијата
- Потенцијал за водство
Јакнењето на оваа група мускули е континуиран процес кој што бара фокусирана стратегија во која најмногу простор е оставено за развој на овие вештини преку обука и коучинг. Овие обуки и коучинг сесии се повеќе се збогатуваат и со игри кои на забавен начин го поттикнуваат развојот на овие емоционални мускули. Неуронауката потврдува дека значително повеќе информации можеме да запомниме, да научиме побрзо и потрајно доколку истото го правиме забавувајќи се, што за мене беше поттик да ги креирам играта #КакоМоже со нејзините 3 дела и картите #КакоМоже кои што имаат за цел да ги стимулираат вашите емоционални мускули, да ги вежбате во контролирано и безбедно окружување во кое ќе ги стекнете вештините потребни за свесен одговор кога ќе се најдете во ситуација која од вас тоа ќе го бара. Она што често го слушам од учесниците на обуките кои ги држам е дека знаат што треба да направат кога малку ќе се смират и оддалечат од ситуацијата (пример кога ќе си дојдат дома) тогаш им доаѓаат и вистинските зборови и вистинските стратегии но тоа не е секогаш случај кога ќе се најдат во ситуација која што од нив го бара тоа во истиот момент (имајте на ум дека зборуваме за бистри луѓе кои работата на својот личен развој и на своите емоционални мускули). Оваа игра и овие карти се поддршка на тој пат да се вежбаат стратегиите како би станале наша втора природа (наша навика) би влегле во нашите емоционални мускули кои ќе ни бидат достапни во моментот кој што се „брои“ и ќе го освоиме поенот кој што е добар како за нас така и за компанијата а и пошироко.