ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Последна измена: 28.04.2025


Вовед

Благодарам што сте тука на оваа веб-страница. Оваа Политика за заштита на личните податоци објаснува како Кампањата #ЛиченИЗБОР ги собира, користи и заштитува вашите лични податоци при користење на оваа веб-страна.

Грижата за вашите податоци ја сфаќаме сериозно.

 

  1. Контролор на лични податоци

Контролор на личните податоци е:

Ана Салтирава Давидовски
Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР
Е-маил: ana@anasaltirova.mk
Република Северна Македонија

  1. Кои податоци ги собираме?

Преку оваа веб-страница можеме да ги собереме следните податоци, доколку доброволно ни ги доставите:

  • Име и презиме
  • Е-маил адреса
  • Порака испратена преку контакт форма или директна е-маил комуникација

Преку формите на оваа веб-страница не собираме финансиски податоци.

  1. За која цел ги користиме податоците?

Вашите лични податоци се користат исклучиво за:

  • испраќање бесплатни материјали што сте ги побарале
  • испраќање блог содржини и информации поврзани со проектите #ЛиченИЗБОР, #Благодарам и #КакоМОЖЕ
  • одговарање на ваши прашања или барања
  • понатамошна комуникација доколку сте ја иницирале

Го почитуваме вашиот #ЛиченИЗБОР и испраќаме само содржина за која сте се пријавиле, без автоматско профилирање и без непобарани пораки.

  1. Правна основа за обработка

Податоците се обработуваат врз основа на:

  • ваша доброволна согласност (при внесување на е-маил)
  • легитимен интерес за одговор на ваше барање
  1. Колку долго ги чуваме податоците?

Податоците се чуваат:

  • сѐ додека сте пријавени на мејл листата
  • или додека не побарате бришење

Во секое време можете да се одјавите или да побарате бришење на вашите податоци преку е-маил, доволно е да ни пишете.

  1. Споделување на податоци

Вашите лични податоци не ги продаваме и не ги отстапуваме на трети лица, освен доколку сме законски обврзани.

Доколку користиме надворешна платформа за испраќање мејлови (на пример MailerLite или слична услуга), податоците се обработуваат согласно нивните безбедносни стандарди.

  1. Безбедност на податоците

Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци од неовластен пристап, објавување или злоупотреба. Сепак, важно е да се има предвид дека ниту еден начин на пренос на податоци преку интернет не е 100% безбеден.

  1. Ваши права

Согласно Законот за заштита на лични податоци, имате право на:

  • пристап до вашите податоци
  • исправка
  • бришење
  • ограничување на обработка
  • повлекување на согласност

Барањата можете да ги испратите на: ana@anasaltirova.mk

  1. Колачиња (Cookies)

Оваа веб-страница користи технички колачиња неопходни за нејзино правилно функционирање.

  1. Промени во политиката

Го задржуваме правото за ажурирање на оваа Политика. Секоја измена ќе биде објавена на оваа страница со ажуриран датум.