NLP за ДЕЦА

Пресреќна и благодарна што заедно со Кети – Катерина Дунимаглоска од @kejt_house и со поддршка на Startup Club Skopje ја продолжуваме приказната #NLPзаДЕЦА.

НЛП (невролингвистичко програмирање) е методологија која го проучува успехот – што ја прави разликата меѓу успешните и помалку успешните луѓе и како да го премостиме тој јаз.

Кога почнав да ја изучувам во 2005 година, ми беше жал што не сум го знаела тоа порано, за да растам со тоа знаење. Токму од таа желба ја покренав кампањата #ЛиченИЗБОР, а денес под нејзина „капа“ го доближуваме ова знаење до децата – за да растат со алатки кои ќе им служат цел живот.

Деталите за темите, атмосферата и следните групи може да ги погледнете овде, повеќе за #NLPзаДЕЦА.

Ако сте родител кој го чита ова веројатно ќе ве интересира и #КЛУБзаРодители.

Доколку сакате да ја продлабочиме соработката, пополнете ја формата, ви се радувам од 💛