Промената е она што го одбележува ова време и она по кое ќе биде запомнето во историјата. Истата се случува многу брзо и од образованите институции очекува да го подготват младиот човек вешто да се адаптира на константната промена, кон истата проактивно да пристапува и да биде активен чинител во нејзиното креирање. Овие вештини не се дел од курукулумот на образовните институции од 20 век кои треба да ги подготват идните вработени за организацијата од 21 век. Одговорноста за надминување на јазот е на повеќе адреси, од една страна образованите институции (кои нема да бидат тема на овој текст), од друга страна студентите т.е. идните вработени и секако организацијата.
На новиот пазар успеси бележат само оние кои постојано се усовршуваат, постојано ги следат промените, постојано учат. Оние кои покрај формалното образование, должно време посветуваат и на неформалното образование. За Македонија како мал пазар се зборува и верува дека нема работа, но не помалку се зборува и во деловниот свет дека нема ни вработени со потребните технички и меки вештини кои би можеле брзо да се интегираат во организацијата и да се носат со секојдневните предизвици.
Успешната организација е потребно да се постави на тој начин како би можела да ги охрабри и подржи вработените да му одолеат на конформизмор и да не се притопат кон верзијата од себе за која веруваат дека ќе му удоволи на некој околу нив кој што веруваат дека е важен во тој момент за нивната кариера или пак на некоја ситуација. Она за кое што треба да се адаптираат организациите е да имаат храброст да ги подржат и охрабрат вработените да бидат тоа што се, да ги подржат на патот да зачекорат кон најдобрата верзија од себе што исто така е и предизвик пред секој вработен. Големите и успешни организации можеме да ги препознаеме по тоа што ја охрабруваат автентичноста на вработените, тоа е дел од нивната организациска култура. Можеме да ги препознаме по тоа што на вработените им дозволуваат и им обезбедуваат простор да го изнесат богатството кое го носат во себе. Иако ваквиот пристап е „потежок“ за менаџирање долгорочните резултати во работата на двете страни и за вработениот и за организацијата се на позитивната скала. Како што е познато има два начина добар и лесен, добриот не е лесен, а лесниот не е добар. Зависно од тоа кон кој пристап ќе се приклони организацијата од тоа ќе зависат и нејзините резултати. Често може да се чуе дека таквиот начин теоретски е добар, но дека во пракса во нашите услови не е применлив. По таа не применливост на истиот можеме да се забележи и различните резултати кои се постигнуваат во работата, доколку не се сака да се вложи она што го вложуваат успешните во нивната работа и доколку се сака да се оди по „полесниот“ пат истото се рефлектира на крајните резултати во работата. А за незадоволството од постигнатите резултати секогаш се има избор истото да го препишеме на лошата општествена поставеност, непосветените вработени, нелојалната конкуренција и многу други кои ќе бидат одговорни за непостигнатите резултати.
Со ваква поставеност во организацијата веројатно ќе се унапредат проблемите/предизцивите со кои се среќава денешната организација и тоа:
- Вработени без клучни вештини (дали технички или меки)
- Одлив на вработени
- Непосветеност на вработените
Сето ова е потребно поради тоа што секоја организација ја сочинуваат влезни ресурси кои во процесот на производство се трансформираат во производи/услуги т.е. излезни ресурси. Излезните ресурси се продаваат на пазарот и на тој начин организацијата остварува приход. Од влезните ресурси: луѓето, опрема, материјали, енергија, информации, пари, луѓето се елементот во организацискиот процес што ја придвижува целата работа. Каков квалитет ќе се има во крајниот прозивод/услуга диреко зависи од тоа какви се вработените. Силата на ланецот е колку силата на неговата најслаба алка, во овој ланец најслабата алка се вработените т.е. организацијата е силна колку што се силни нејзините вработени. Оној момент кога вработените ќе тргнат напред и организацијата ќе оди по/со нив.