Големата визија е да ПОРАСНЕ и во КНИГА чиј автор ќе бидат македонските родители,
т.е. секој којшто ќе даде tip & trick за родителување ќе се потпише на истиот онака како што сака
(име и презиме, само име, Instagram профил, псевдоним итн.) – авторството е негово.
Те повикувам да ги извадиш сите твои, а и генерациски мудрости кои ги имаш во ракавите,
поттикни, повикај ги и другите да ги споделат своите.
Знаењето е единственото нешто што се умножува кога ќе се даде.
Да споделиме мудрости меѓусебе како би израснале среќни, задоволни и исполнети луѓе.
БОНУС ќе биде што ќе го зголемиме и уживањето во родителската улога.
ВАЖНО:
Верувам дека не треба да споменам, сите предлози кои во себе вклучуваат насилство
и не го поддржуваат развојот на детската личност нема да бидат објавени.
На следниот линк можете да ги видите досега пристигнатите Tips & Tricks од Иницијативата #родителиЗАродители – инспирирај се, споделувај, ти се радувам од 💛.